Листата на Вучиќ освои 47,2%, а „Србија против насилството“ 20,8% од гласовите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Републичката изборна комисија на Србија  (РИК) утрово ги објави последните резултати од вчерашните избори во Србија.

Врз основа на обработените 7.561 од 8.273 избирачки места, објавени се резултатите за парламентарните избори и според овие податоци, листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да мирува“ има апсолутно мнозинство, која освоила 47,24% од гласовите.

Следи листата „Србија против насилството“ која освоила 22,86% од гласовите, потоа Социјалистичката партија на Србија – 6,67, додека на изборната листа „Надеж за Србија“ има 4,94%. Следна листа е „Ние – гласот на народот – Бранимир Несторовиќ“ со 4,63%, додека Милица Ѓурѓевиќ Стамнековски – Бошко Обрадовиќ имаат 2,8 % од гласовите.

Кога станува збор за покраинските избори, обработени се резултатите на 1.607 од 1.776 избирачки места.

Според податоците за изборите во Војводина, коалицијата „Александар Вучиќ – Војводина не смее да запре“ освоила 48,67% од гласовите, додека коалицијата „Србија против насилството“ го зазеде второто место со 20,22%.

Share This Article