На 08.02.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.О.(38) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 04 до 08.02.2023 во круг на поранешна фабрика на ул.„Брушанска Таска“ во Кавадарци одзел повеќе предмети. Б.О. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.