More

    Лионел Меси ги поддржува Турција и Сирија

    spot_img

    Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси повика на поддршка за хуманитарната кампања што ја започна Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за помош на настраданите од разорните земјотреси на југот на Турција.

    Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

    Ѓоковиќ испрати порака за поддршка на Турција и уште еднаш ја покажа хуманоста

    На својот Инстаграм профил, Меси сподели линк до веб-страницата на УНИЦЕФ со информации за тоа како да им се помогне на жртвите.

    „Ова се многу тажни денови за илјадници деца и нивните семејства кои беа погодени од разорните земјотреси во Турција и Сирија. Срцето ми е со нив. УНИЦЕФ од самиот почеток работи во оваа област за заштита на децата. Вашата помош е многу вредна“, изјави аргентинскиот голгетер и еден од најдобрите светски фудбалери Меси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img