Лингвистите револтирани од бугарската политика

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Странски и домашни македонисти, кои се дел од 55-та Летна школа по македонски јазик, литература и култура, која се одржува од денеска во Охрид, сметаат дека македонскиот јазик многу се разликува од бугарскиот.

Долгогодишниот професор по македонски јазик во Словенија, Соња Дожан, вели дека ставовите на соседна Бугарија, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, воопшто не држат место. Според неа бугарската позиција кон македонскиот јазик е чисто политичка.

– Ги оценувам тие ставови како многу подли. Како може некој од страна да дојде и да каже дека луѓето овде зборуваат некој друг јазик? Ако велат Македонците дека зборуваат македонски јазик, што има Бугарите да кажуваат дека тоа не е македонски јазик. Јас апсолутно ги подржувам Македонците. Го познавам и бугарскиот јазик и можам лично да тврдам, дека тоа апсолутно не е ист јазик. Се разликува многу и граматички и лексички. Не знам од каде воопшто идејата дека тоа може да биде ист јазик. Јас мислам дека не премногу, туку апсолутно има само политика во ова – вели Дожан.

Универзитетскиот професор по македонски јазик, Максим Каранфиловски, вели дека сè додека постојат говорители на македонски, ќе постои и македонскиот јазик. Според него, нападите од соседна Бугарија, периодично се засилуваат, секогаш кога земјава сака да направи чекор напред.

– Ние веќе одамна сме навикнати и отрпнати на таквите напади, затоа што тоа не е ништо ново. Тие периодично се засилуваат, секогаш кога Македонија сака да направи чекор напред. Но мислам дека тоа не треба ниту да не плаши, ниту да не возбудува, затоа што ние имаме цврсти темели, имаме многувековна историја, и покрај тоа што непријателите тврдат дека ни е кратка историјата. Така да не треба воопшто да се плашиме, да не фаќа некаков страв, дека ќе се случи некакво предавство. Секако дека треба да одговараме на тие напади, да се браниме, бориме и да ја докажуваме својата вистина. Тоа е она што треба да го правиме“, вели Каранфиловски.

Додека има говорници на еден јазик тој ќе постои, рече претседателот на државата Стево Пендаровски, во своето обраќање.

– Сè додека постоиме и говориме на македонски, ниту една фуснота, негација, забелешка или што и да е, не може да ја прикрие вистината. Сите ние кои ги изговараме македонските зборови сме гарант за неговото постоење и сила. Ниту еден документ, декларација, изјава, не можат да обезбедат траење на еден јазик, ако тој не е жив, односно ако никој не го употребува. Затоа секој во рамките на своето опкружување, својот дом, професионалната средина, на местото на разонода, културни настани, во духовните храмови, кога беседиме и размислуваме, да говориме на македонски и на тој начин да го шириме универзумот на македонскиот јазик – рече Пендаровски.

Македонистите порачуваат дека на земјава и е потребна национална стратегија за македонски јазик, како и отворање на катедри по македонски, на што повеќе странски универзитети.

- Advertisement -
Ad image

– Треба да се направи еден вид стратегија. Ние сè уште немаме национална стратегија. И после 30 години, национална стратегија за зачувување на македонскиот јазик немаме – рече професорката Весна Мојсова Чепишева.

Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот, Свети Кирил и Методиј вели дека расте интересот за изучување на македонскиот јазик во светот.

– Меѓу семинаристите се и универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет, лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи. Но и нови посветеници на македонистиката, кои искажуваат подготвеност да остварат влог во афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот. А, колку се посилни нападите, колку се пониски навредите, упатени на адреса на македонскиот јазик, литература и култура, толку сме поисправени како високобразовна и научна институција, која ги негува македонскиот јазик, литература и култура – вели Јанкуловски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article