Лимани и Тошковски се договараа за поголем проток на патници на граничните премини

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера оствари работна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. На средбата беше разгледана ситуацијата на граничните премини во насока на пронаоѓање решенија за забрзување на протокот на возила и патници од двете страни на границите во овој период на зголемена фреквенција на граничните премини заради годишните одмори и посетите на нашите граѓани од дијаспората.

Двајцата министри ги разгледуваа можностите за унапредување и промена на некои од процедурите на границите со цел забрзување на протокот на луѓе и намалување на времето на чекање и на двете страни на границата.

„Договорено е: отворање на две „линии“, кои ќе се користат исклучиво за иселениците во сезоните на нивното доаѓање во татковината; осебно постапување со иселениците, овозможувајќи леснотии во постапките за идентификација; итни состаноци на прекуграничните тела со Косово и Србија, за спроведување на интегрираниот систем (заедничко верификација на документацијата), за да се избегнат метежот. Приоритет остануваат граничните премини Табановце и Блаце, места кои се најфреквентни со доаѓањето на иселениците за време на одморите. На средбата се дискутираше и за борбата против криминалот“, информираат од министерствата.

Секако двајцата министри разговараа и за унапредување на соработката и координацијата помеѓу двете институции што ќе резултира со унапредување на безбедноста на сите наши граѓани, како една од стратешките цели на новата Влада.

Share This Article