More

    Лиле Стефанова на местото а суспендираната Вилма Рускоска

    spot_img

    Лиле Стефанова, обвинителката која  ги водеше случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“, почнати  од поранешното СЈО, ќе ја менува суспендираната обвинителка Вилма Русковска не местото шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, додека трае нејзината суспенција, објави Телма.

    Суспендираната обвинителка Русковска за Телма изјавила дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиската полиција и истрагата за техничките центри при МВР. Токму за вториот случај – за истрагата во финансиската полиција, државниот обвинител Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата.

    За Русковска, но и за обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е поднесен предлог за поведување на дисциплинска постапка. Русковска претходно најави дека ќе се жали пред Советот на обвинители на одлуката за нејзината суспензија.

    Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција велат дека без разлика на поведените дисциплински постапки, обвинителите напречено ќе постапуваат.

    „Јавното обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција непречено функционираат и продолжуваат активно да постапуваат без разлика на поведените дисциплински и други постапки против поединци. Со Решението за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител, наведениот јавен обвинител е задолжен сите предмети и ствари со кои е задолжен да ги предаде на јавниот обвинител кој со годишниот распоред треба да го менува. Сите предмети ќе бидат времено рaспоредени кај друг надлежен јавен обвинител и по нив постапката ќе продолжи со несмален интензитет“, велат од ОЈО ГОК.

    Управата за финансиска полиција на 8 август соопшти дека поднела кривична пријава до скопското Јавно обвинителство во која се опфатени сите обвинители за кои што Управата смета дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.

    Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули годинава изврши претрес во Управата за финансиска полиција, по што следуваше јавна преписка и обвинувања меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Управата Арафат Муареми.

    Во врска со овој случај, пред неколку дена Русковска ги повика САД, ЕУ и европската обвинителка Лаура Ковеси да ѝ помогнат поради, како што наведе, притисоците од владиниот службеник – директор на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, притоа оставајќи им простор да ги проверат нејзините предмети и да се расчисти, како што нагласи, кој во државата се бори против криминалот и корупцијата. Од амбасадите потоа одговорија дека надлежни за таква проверка се македонските државни институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img