More

    Љиљана Седлар почина на 80-годишна возраст по кратко боледување

    spot_img

    Љиљана Седлар почина на 80-годишна возраст по кратко боледување, потврдија пријатели на актерката за српските медиуми.

    Седлар е родена на 1 ноември 1943 година во Белград, а во својата повеќедецениска кариера одигра десетици улоги. Првата улога на големото платно ја одиграла во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, по што глумеше, меѓу другото, и во „Жикина династија“.

    Седлар е најпозната по улогата на Дуда Павловиќ во култната серија „Подобар живот“. Таа се појави во 20 епизоди од познатата серија. Седлар е позната и по улогата во филмот „Кажи зошто ме остави“.

    Последната улога ја одигра во 1998 година во продукцијата „Враќањето“, во која го толкуваше ликот на мајката на девојката на Никола, по што се повлече. Таа беше долгогодишен член на Белградскиот драмски театар.

    Извесно време била и управител на Белградскиот драмски театар, а настапувала и на други белградски сцени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img