Лила Филиповска за списанието за жени „Убавина и здравје“ за првпат проговори за својата најголема животна битка – ракот на дојка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Водителката Лила Филиповска за списанието за жени „Убавина и здравје“ за првпат проговори за својата најголема животна битка – ракот на дојка.

– Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – вели Лила за „Убавина и здравје“.

Таа вели дека кога ја слушнала дијагнозата „канцер на дојка“ била во тотален шок, но останала без глас.

– Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам? Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно – вели Лила, која додава дека ова било едно големо искушение во нејзиниот живот, кое ѝ помогнало да сфати кои ѝ се вистински пријатели на кои им е бескрајно благодарна за поддршката.


Насловната страна на списанието во кое е објавено целото интервју со Лила

Share This Article