Лијам Нисон откри дека не бил голем обожавател на култната сцена од филмот „Taken“ кога телефонски разговарал со киднаперите на неговата ќерка.
Како што пренесува NME, во таа сцена, ликот на Нисон, Брајан Милс, му се заканува на личноста која ја киднапирала неговата ќерка Ким (ја игра Меги Грејс), од каде потекнува и познатиот цитат „Имам одреден сет на вештини“.
Тој повеќепати истакна дека не очекувал ваков успех на овој акционен филм кој имаше вкупно три продолженија.
„Звучев страшно во таа сцена, но ми беше непријатно. Навистина го мислев тоа и мило ми е што се докажа дека сум погрешен“, изјави Нисон во неодамнешното интервју за Vanity Fair.