More

    Lidl предупредува: Линкот на пакувањето бисквити „Paw Patrol“ води до порно сајт

    spot_img

    Компанијата Лидл започна голема кампања за повлекување производи во Велика Британија бидејќи линкот испечатен на пакувањето на детските грицки води до порно сајт, јавуваат германските медиуми.

    Според порталот Die Stimme Berlins, станува збор за различни колачиња од анимираната серија „Paw Patrol“ која е популарна меѓу децата. Британското тело за заштита на потрошувачите предупреди на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер, дека врската на задната страна на пакувањето се пренасочува кон „експлицитна содржина несоодветна за деца“.

    Се вели дека адресата била киднапирана и првично ги наведувала корисниците на веб-страница на детската модна компанија Appy Kids. Подоцна била пренасочена на кинески порно сајт.

    „Се извинуваме за непријатностите“, соопшти Лидл по инцидентот и ги замоли клиентите да не ја посетуваат веб-страницата и да ги вратат производите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img