Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на престојните избори ќе биде носител на првата изборна единица. Во интервју за Република тој вели дека живее во Скопје и логично е да биде на чело на оваа изборна единица. Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања што ќе нуди иднина, кампања што ќе се темели на проекти, реформи и трансформација на Македонија.
– Јас сум роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош, општина Карпош е дел од изборната едница 1 и логично е да биде тоа практичко единица во која јас би ја предводел листата на ВМРО и колацијата – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, победата на неговата партија е очекувана, но сепак тој ги охрабрува гласачите да излезат на изборите и да гласаат за крај на владеењето на СДСМ и ДУИ и почеток на трансформацијата на општеството од страна на неговата партија. Мицкоски вели на Македонија и треба мобилизација и масовност за 61 пратеник за конечно државата да се ослободи од спрегите на лошото владеење. Очекува овој изборен циклус да биде крајот на вледеењето на ДУИ.
– Очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од број на освоени гласови. Ова раководство на ДУИ е сериозно и длабоко вплеткано во криминал. Нашата посакувана опција е да се даде шанса на т.н албанска опозиција.Треба да ѝ се даде шанса на ДУИ да помине одреден период во опозиција да се реструктуира, да освежи со нови идеи. Гледате како збунуваат со пораките – од зелена агенда пред една година почнаа со споменици, обедината Албанија. Водат политика денес за утре, а од друга страна, додека одат од еден на друг споменик се возат во „ролс ројс“ и „мајбах“ и купуваат мултимилионски имоти – рече Мицкоски.
Во интервјуто, Мицкоски зборува и за претседателските избори, нагласувајќи дека веќе се прават подготовки за избор на кандидат за претседател на државата.
– Кандидатот треба да биде човек со интегритет, патриот што си ја љуби својата татковина, што ќе обединува а не разединува, ќе се грижи за интересите за Македонија, за идентитетот на македонскиот народ, посветена и работлива личност која што ќе добие поддршка од сите гласачи кои се антивладини.Препознавме многу профили кои се слини на ова што го наведов и ги мериме.Имаме пет-шес т кандидати кои ги анализираме.Но, ние сме демократска партија и согласно статутот ќе имаме оглас со правила за учество на конвенцијата каде што делегатите ќе одлучат – вели Мицкоски.
Покрај прашањата за изборите, Мицкоски зборуваше и за последниот извештај на Европската комисија кој што е во фокусот на вниманието изминативе денови, како извештај кој има низа критики за целокупоното фукницонирање на државата. Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ инфлацијата,нискиот стандард, порастот на криминалот и корупцијата, партизираното обвинителство и судство, се дел од секојдневието на граѓаните и тоа не може да помине незабележано од страна на ЕК.