More

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја доби судската тужба за клевета против СДСМ за серија текстови во кои СДСМ, како што се наведува во пресудата, „изнел невистинити факти за тужениот со што ја повредил неговата чест и углед“

    spot_img

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја доби судската тужба за клевета против СДСМ за серија текстови во кои СДСМ, како што се наведува во пресудата, „изнел невистинити факти за тужениот со што ја повредил неговата чест и углед“.

    Како пример се наведуваат наслови од соопштенија на партијата во кои се вели дека „Мицкоски е докажан криминалец, со фатени раце во медот, затоа изнесува невистини за Ковачевски“, или „Фатен со рачето во медот за тендери и провизии од 136 милиони евра, Мицкоски не може да се помири со фактот дека Ковачевски работи чесно и посветено за граѓаните и државата“.

    Во одлуката на судот се утврдува граѓанска одговорност за изречена клевета, тужениот се обврзува да ги плати судските трошоци од 18.047 денари, и се обврзува да ја објави одлуката на судот на свој трошок во еден весник, и тоа на не помалку од една осмина од страница, на некоја од првите пет страници на весникот, во рок од 15 дена.

    Одлуката на судот ја објави и ја коментираше на Фејсбук самиот Мицкоски.

    „Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене.

    Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.

    Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата“ – напиша Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img