Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивен на ковид-19, информираше неговата партија преку соопштение.
Оттаму велат дека токму позитивниот тест за корона е причината за откажување на денешниот настан во Општина Маврово-Ростуше, каде што Мицкоски требаше да има средба со граѓаните.
„Почитувани, ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово-Ростуше закажан за денеска во 17:45 е откажан. Причини за негово откажување е развивањето на симптоми од ковид-19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен. Во текот на денот претседателот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот ковид-19“, се вели во партиското соопштение.