Фотографии од отсечени глави, огромен чекан, бројни перики, златни прачки и девизи биле пронајдени при претрес на домот на сопственикот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, надвор од Санкт Петербург.
Претресот бил извршен на 25 јуни, ден по вооружениот бунт.
Домот на Пригожин има и медицинска ординација со опрема што се користи во единиците за интензивна нега во болниците. Има опрема и лекови во вредност од неколку милиони рубли. Залихите се доволни за лекување на која било болест неколку месеци.
Пригожин има и лична соба за молитва, базен и хелиодром.
Снимките од акцијата, кои беа прикажани и на руската телевизија, се појавија дури по затворањето на истрагата за вооружените немири против Пригожин.
Федералната служба за безбедност веќе му го вратила на Пригожин оружјето запленето за време на рациите, над 10 милијарди рубљи, стотици илјади долари и 5 златни прачки.
Дури и трофејното оружје добиено од рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу беше вратено.