Контроверзниот бизнисмен Милан Радоичиќ кој според сопствените тврдења е организатор на вооружениот конфликт во Бањска во Косово, при што загинаа четири лица, денеска е уапсен, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
„Полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција извршија претрес во станот и другите простории на Милан Радоичиќ, кој е задржан до 48 часа“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Радоичиќ со кривична пријава е донесен во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Тој јавно призна дека учествувал во организација на група која учествувала во вооружен конфликт со косовската полиција во Бањско на северот на Косово, при што загинале еден припадник на косовската полиција и тројца Срби, а неколку лица беа ранети.
Радоичиќ во петокот беше во Министерството за внатрешни работи каде да се изјаснил како граѓанин.