Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.

Ѓорѓе Алексиќ по тепачката изјави дека кога го собориле Драган Ѓилас на подот „буквално почнале да го клоцаат“.

Драган Ѓилас во текот на ноќта завршил во Ургентниот центар, каде што му била снимена главата поради помали набиеници при тепачката. Покрај тоа, тој се здоби и со повреда на скочниот зглоб.

 

Ѓорѓе Алексиќ, кој бил со него, добил најмногу клоци во пределот на грбот и задниот дел од главата, а има и неколку хематоми.

Тој за српските медиуми  изјави дека кога насилниците го собориле Драган Ѓилас тој се обидел да му помогне.

-Легнав врз него, а тие продолжија да не клоцаат заедно. На видеото се гледа како луѓето паѓаат од силината на ударот. На видеото се гледа дека никој не дошол таму да се пресмета со никого, се гледа дека ги држам рацете горе, се обидувам да спречам нешто полошо да се случи, но тие први нападнаа. Се одбранивме, тоа можете да го видите на видеото – изјави Алексиќ.

Share This Article