Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека лидерска средба за предвремени избори со уцени нема да има, нагласувајќи дека е неодговорно да се бојкотира Собранието во време на најголема економска и енергетска криза.
– Лидерска средба може да има, но за прашања коишто се стратешки, за прашања што би значеле подобар живот за граѓаните, како и за справување со енергетската криза. Но, лидерска средба врз основа на уцени и закани, бидејќи гледаме дека претседателот на опозицијата одбројува како од некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има, а како што гледате тоа е ставот и на сите политички партии којшто дадоа свој став, а тука беа и партии кои беа во опозициониот блок – рече претседателот Ковачевски.
Претседателот на СДСМ посочи дека постои комуникација помеѓу сите политички партии во Собранието.