Израел е послаб од пајакова мрежа и затоа САД брзаат да му помогнат, додека нападот на Хамас беше „голем и свет напад“ и 100 отсто палестинска акција, рече лидерот на Хезболах Хасан Насрала, во својот долгоочекуван говор. Тој одддаде почит кон либанските и палестинските „маченици“, а ја изрази и благодарноста до оние во Јемен и Ирак „кои учествуваа во оваа битка“, а според него „битката продолжува“.
Тој вели дека САД се одговорни за војната во Газа, а дека Израел е само извршна алатка. „Америка, Големиот сатана, е одговорна за сите масакри и во актуелниот и во претходниот век“, смета тој.
Во однос на нападот на Хамас врз Израел со кој започна војната Насрала смета дека „никој не беше лош во оваа операција, и тие не можеа да го направат тоа на друг начин“, дека милиони луѓе живеат во „мала област” и дека имаат „многу тежок живот”.
– Тие (Израелците) го убиваат нашиот народ секој ден – додава тој.
Тој вели дека оваа операција предизвикала безбедносен, воен, политички и психолошки земјотрес во Израел.
– Исламската Република Иран јавно ги поддржува движењата на отпорот во Либан и Палестина, но не практикува никаква хегемонија над нив. Што и да направи непријателската влада, нема да може да ги промени стратешките и историските резултати. Израелците сега веруваат повеќе од мене во ова. Израел е послаб од пајакова мрежа. Оваа американско брзање да го поддржи и да му помогне на Израел ја разоткри слабоста и неуспехот на овој ентитет.
Според Насарлах, операцијата спроведена на 7 октомври го отворила патот за нова ера во регионот. Тој тврди дека многу од Израелците убиени во Газа биле убиени од оган на израелската армија.
– Цел месец Израел не успеа да постигне никакви воени достигнувања. Израелската армија бега од голема копнена операција во Газа бидејќи е слаба и немоќна – оценува тој.
Насрала е шиитски свештеник кој го предводеше Хезболах од 1992 година. Тој одигра клучна улога во неговото претворање во политичка – но и во воена сила. Насрала има блиски врски со Иран и неговиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кои датираат од 1981 година, кога првиот ирански врховен водач, ајатолахот Рухолах Хомеини, го назначи за свој личен претставник во Либан. ,
Насрала не се појавува во јавноста со години, наводно поради страв дека Израел ќе го убие. Сепак, тој останува почитуван од Хезболах и одржува телевизиски говори секоја недела.