More

    Лидерите на Шведска и Финска ќе го разубедуваат Ердоган

    spot_img

    Американската амбасадорка во НАТО Џулијан Смит изјави дека Шведска и Финска би можеле да се приклучат кон Алијансата во текот на „следните неколку месеци“.

    Таа рече дека Алијансата ги поздравила барањата на Шведска и Финска и оти верува дека тие земји „ќе дадат голем придонес во НАТО алијансата“.

    Џулијан Смит рече дека во последниве седмици членките на НАТО се обидуваат „да разгледаат начини на кои можат да ги скратат временските рокови околу процесот“ за прием на двете земји во воената алијанса.
    Американскиот советник за национална безбедност Џек Саливан, пак, најави можност лидерите на Шведска и Финска посочиле дека планираат директно да разговараат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека Вашингтон е подготвен да го поддржи тој процес.

    – Ние веруваме дека загриженоста на Турција за пристапувањето на Шведска и Финска, изразена од претседателот Ердоган и другите, може да се реши – рече Саливан.

    Запрашан дали има планови американскиот претседател Џозеф Бајден да стапи во директен контакт со Ердоган за ова прашање, Саливан рече: „Во моментов – не“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img