More

    Лидерите на Г7 во Хирошима како предупредување, ЕУ воведува санкции за руските дијаманти

    spot_img

    Лидерите на Г7 денеска положија венци во јапонскиот град Хирошима, речиси 78 години по нападот со атомска бомба, на почетокот на самитот што се очекува да воведе нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина.

    Наследството на Хирошима како прва локација која некогаш била нападната со нуклеарно оружје, додаде важност како предупредување по руската инвазија на Украина и говорот на претседателот Владимир Путин за неговата подготвеност да користи нуклеарно оружје.

    Пристигнува и Зеленски
    Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела ќе отпатува за Јапонија за да им се придружи на лидерите на напредните светски демократии на нивниот самит во Хирошима, изјави извор од Европската унија. Претходно беше најавено дека лидерите на Г7 ќе објават нови санкции против Русија.

    На почетокот на денешниот состанок, Британија веќе најави нови санкции против руската рударска индустрија, пред се за алуминиум, дијаманти и бакар, со цел да се намали капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украина.

    „Како што покажуваат денеска објавените санкции, Г7 ќе остане обединета пред руската закана и цврста во поддршката за Украина“, изјави британскиот премиер Риши Сунак. Во 2021 година Русија извезла дијаманти во вредност од околу 4 до 5 милијарди долари.

    Лидерите и владите на Г7 се очекува да разговараат и за низа други санкции против Русија, вклучително и американските мерки за ставање на 70 руски и странски субјекти на црната листа на САД. Британија, исто така, ќе таргетира уште 86 поединци и компании од воено-индустрискиот комплекс на Путин, покрај оние кои се вклучени во енергетската, металната и бродската индустрија, се вели во извештајот.

    ЕУ воведува санкции и за руските дијаманти
    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Европа ќе воведе санкции и за руските дијаманти. Официјални лица сè уште ги разгледуваат деталите од конечната изјава за Русија, како и прецизната формулација во врска со Кина, велат извори од инволвираните земји.

    Русија соопшти дека е подготвена да го искористи својот нуклеарен арсенал за да го одбрани својот „територијален интегритет“ доколку е потребно. Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека го избрал градот Хирошима за самитот на Г7 со цел да го фокусира вниманието на контролата на вооружувањето, пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img