Со највисоки почести, поздрав од гардата и почесните водови денеска Александар Вучиќ во Белград, пред палатата Србија го спростре црвениот тепих пред својот колега, турскиот претседател Реџеп Таип Ергодан. По три години Ердоган е пак во Белград да зборува за Босна и Херцеговина, но и за Косово и да потпише неколку договори. Се очекува во 13 часот двајцата претседатели да дадат изјава, а попладне да го посетат „Белград на вода“.
Ердгон претходно беше во Сараево од каде слета синоќа слета во Белград на аеродромот „Никола Тесла“, а од Србија тој заминува за Хрватска, која е последната дестинација на неговата мини балканска турнеја.