Либертаријанецот Милеи наиде на отпор за неговиот економски план

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата пукаше со гумени куршуми и водени топови кон демонстрантите пред Конгресот на Аргентина додека пратениците расправаа за огромниот предлог-закон за реформи на претседателот Хавиер Милеи. Дел од народот во Аргентина не се сложува со контроверзните мерки кои треба да ја избават земјата од инфлацијата која изнесува неверојатни 200 отсто. Мерките вклучуваат приватизација на бројни државни претпријатија, измена на даночните и изборните закони, но и трансфер на дел од законодавната власт на владата.

Аргентинските медиуми објавија дека демонстрантите ги тепале полицајците со парчиња дрво и дека полицијата пукала со гумени куршуми и солзавец кон толпата.

Пратениците од опозицијата во еден момент излегоа од зградата за да ја следат и осудат акцијата на полицијата, но подоцна се вратија на своите места и расправата продолжи.

– Не можеме да одржиме седница под овие околности – рече левичарскиот пратеник Маријано Дел Кано додека тој и другите ја напуштаа зградата.

 

 

Алехандро Финокијаро, пратеник кој го поддржува Милеи, ги обвини оние што ја напуштија дека се обидуваат да ја одложат дебатата и рече дека демонстрантите надвор „биле решени да бидат репресирани за да се запре оваа седница“.

Со оглед на тоа што партијата на  Милеи има само 38 од 257 места во Долниот дом и широко распространетите протести против неговите реформски планови, тој се соочува со тешка битка.

Пратениците од умерената опозиција предупредија дека ќе бараат дополнителни измени на нацрт-законот, особено за чувствителното прашање за доделување посебни овластувања на извршната власт во вонредна економска состојба.

- Advertisement -
Ad image

Втората по големина економија во Јужна Америка има пренатрупан државен апарат, ниска индустриска продуктивност и огромна сива економија што ја лишува земјата од клучните даночни приходи. Околу 40 отсто од жителите се на работ на сиромаштијата.

Share This Article