Либерално-демократската партија бара транспарентно преиспитување на одлуката за доделување концесија за отворање на рудникот Иловица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Либерално-демократската партија бара транспарентно преиспитување на одлуката за доделување концесија за отворање на рудникот Иловица, како и повикување на одговорност на тие што дозволиле воопшто да биде доделена ваква концесија.

Партијата потсетува на правото на безбедна, здрава животна средина и се придружува на граѓаните во изразувањето на незадоволство. При носење на одлуки за вакви прашања мора да се земе предвид ставот на регионалното население, а ниту еден профит никогаш не може да го оправда компромисот со здравјето на граѓаните – наведува ЛДП во реакцијата.

Веруваме во отворен, демократски процес. Затоа, повикуваме на транспарентно преиспитување на одлуката за отворање на рудникот. Апелираме овој процес да ги вклучи сите релевантни граѓански здруженија, како и институции засегнати со оваа одлука. Сфаќаме дека ова не е време за расправии меѓу партиите, туку време за акција. Затоа, ги повикуваме сите политички субјекти да им дадат приоритет на потребите на нашите граѓани пред политичките спорови“ – порачуваат од ЛДП.

Партијата воедно бара и да се преиспита кој е одговорен што воопшто дошло до ваква концесија, па сега повторно се отвара прашањето кое сите верувавме е одамна затворено.

Ги охрабруваме сите страни да ни се придружат во оваа иницијатива. Веруваме во иднина каде што економскиот просперитет нема да биде по цена на деградација на животната средина“ – се вели во соопштението од ЛДП.

Share This Article