More

    Левски ги предупреди фановите да не носат ножеви и да навиваат коректно и без навреди

    spot_img

    Непријателска атмосфера преовладува уште пред да започне натпреварот, меѓу Шкупи и Левски во Скопје, навивачите на бугарскиот клуб се заканија дека вечерва ќе го запалат македонското знаме на мечот, а од управата на бугарскиот клуб беа предупредени да не носат ножеви и пиротехника.

    „Ние земавме македонско и албанско знаме и ќе го запалиме на стадионот“, се закани еден навивач.

    Според бугарските медиуми, кон македонската престолнина ќе дојдат највоинствените навивачи на гигантот од нашиот источен сосед, што е причина за зголемена готовност кај македонската полиција. Знаејќи си ги своите навивачи, луѓето од управата на Левски дури објавија предупредување до нив да не носат ладно оружје во Скопје (се мисли на ножеви), бидејќи Македонците ќе им ги земат, а потоа и казнат според законите.

    „Кога ќе ја минувате границата со Македонија, бидете подготвени на детални претреси од нивната полиција, што значи дека секое носење ладно оружје и пиротехника ќе носи ризик да бидете фатени и казнети. Според македонските закони, носењето на такво оружје носи сериозни санкции“, се вели меѓу другото во опомената до навивачите на Левски.

    Како се приближува одигрувањето на утрешниот меч, така се вжештува атмосферата во јавноста во двете соседни држави, меѓу кои во последно време владее антагонизам поради сѐ поизразените претензии од бугарска страна кон Македонија.

    Управата на составот од Софија денеска испрати нов апел до своите следбеници, за тоа како да се однесуваат на арената „Тодор Проески“ за да не дојдат во било какви проблеми, бидејќи стравуваат да не бидат казнети од страна на УЕФА поради навивачите.

    „Почитувани фанови, ве повикуваме да ја поддржите вашата омилена екипа против Шкупи, кој е про-албански тим, без манифестации на расизам и ксенофобија. Покрај тоа што ваквите постапки можат да донесат строги казни од УЕФА, нашиот клуб начелно ги осудува и прогласува нетрпеливост кон ваквите, па дури и изолирани постапки на единици на наши симпатизери. Организаторите на натпреварот забрануваат внесување на монети, запалки и тврди предмети. Потсетуваме дека употребата на пиротехнички средства за време на натпреварот ќе донесе високи казни за клубот“, се вели во соопштението на Левски.

    Левски ѝ се пожалил на УЕФА за скапите билети за мечот со Шкупи во Скопје

    Претставникот на Бугарија се пожалил до делегатот и до комесарот на безбедност на УЕФА за скапите влезници за првиот дуел со Шкупи во Скопје од второто квалификациско коло.

    Левски се жали за цената од 1.200 денари за нивните навивачи, во споредба со 150-200 денари за фановите на скопскиот тим за натпреварите во кои е домаќин.

    Во прилог на својата жалба Бугарите ги наведуваат и цените на влезниците од 250-300 денари за мечот Македонија – Бугарија од Лигата на нациите минатиот септември на Националната арена „Тодор Проески“.

    Бугарите ни се смеат за ужасно лошиот терен на нашиот стадион 

    Бугарски новинари во Скопје кои известуваат околу натпреварот Шкупи – Левски, придонесе тие со фотографии и снимки да им покажат на своите читатели и гледачи на каков терен ќе се игра мечот од квалификациите во Конференциската лига.

    Нерамен терен и лоша состојба на тревата на Арената „Тодор Проески“ е нешто што не е „ексклузива“ само за гостувањето на Бугарите, туку подолго време, и нашите репрезентативци се жалеа во минатото.

    „Ужасен терен го чека Левски“, „Тежок терен за Левски“ се дел од насловите во најчитаните бугарски спортски портали, и на Фејсбук страницата на Сините од Софија има снимки од теренот, за што има и многу негативни коментари од фанови од нашиот источен сосед.

    УЕФА: Натпреварот Шкупи – Левски Софија е од висок ризик

    Европската фудбалска куќа (УЕФА) го просласи за меч од висок ризик поради што се очекува МВР да ги преземе сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста во и надвор од теренот со цел да се избегнат можни немири.

    Денеска од 21.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img