More

    Левица: Затворската полиција малтретираше наши членови на Илинден

    spot_img

    Политичката партија Левица побара вчера да биде разрешен директорот на Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари Филип Андонов поради закани и злоупотреба на затворската полиција кон нивниот член на Централен Комитет Игор Смилев.

    Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите законски овластувања, од страна на затворските полицајци, кои не беа во униформа, им беше побарано да се легитимираат. Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, но тие продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот член Игор Смилев беше турнат на земја“ – објаснува Левица.

    Ангажирање на затворска полиција за јавни настани, смета партијата, е директно прекршување на законските прописи, со што таа се злоупотребува за теснопартиски интереси.

    Го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто МВР не интервенираше кога цивилни лица се закануваа и бараа легитимации од присутните на манифестацијата? Дали затворската полиција, која е со ограничени овластувања, спротивно на законите беше ставена во служба на МВР и партискиот врв на СДС? Јавно бараме од министерот за правда Никола Тупанчески да го разреши директорот Филип Андонов и да испита кои се лицата кои малтретираа и се закануваа на активисти на Левица и неовластено бараа да се легитимираат“ – се вели во соопштението на Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img