Левица против цензурирањето на песната со Гоце Делчев

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Партиските кадри и реализирањето на антимакедонската агенда на власта се дрзнуваат да ја забранат македонската историја за најмладите, иако народот ги плаќа да работат во негов интерес – реагира Лецица на информацијата за исфрлање на песната „Нешто ќе ти кажам бабо“, во која се спомнува и Гоце Делчев, од завршната прослава на децата од скопската градинка „Лале“, клон на градинката „Срничка“.

„Партиските полтрони во управниот одбор и директорот во градинката „Срничка” се дрзнаа да забрануваат македонски песни каде се опејуваат херои од македонската историја со цел да им се додворат на властите, кои ги поставиле на позицијата и со антимакедонската и врховистичка агенда на негирање и бришење на историјата се оддолжуваат на пробугарската СДС за позицијата на која ги поставиле.

Ова однесување на партиските полтрони во управните одбори и директорката кадар од СДС во градинките на територијата на Општина Аеродром не смее да се дозволи и да остане неосудено од страна на општината и родителите на засегнатите деца.

Левица силно се противи на орвеловската агенда на врховистичката СДС која на секаков можен начин се труди да ја забрани, избрише и однесе во заборав историјата на Македонците со цел да се додворат на своите газди во Софија и Мала Речица“ – се вели во реакцијата на Левица.

Share This Article