More

    Левица поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за именување на улици, донесена од страна на Советот на Град Скопје

    spot_img

    Левица поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за именување на улици, донесена од страна на Советот на Град Скопје на ден 30 март 2021 година. Оваа одлука, смета Левица, е во спротивност на член 6 од Законот за именување на улици, мостови и плоштади, поточно, ги навредува националните чувствата на македонскиот народ и предизвикува нетрпеливост и раздор помеѓу етничките заедници во земјава.

    „Улиците кои со што се опфатени со нашата иницијатива сега ги носат имињата на Адем Демачи, Ернест Колиќи, Митхад Фрашери и Сул Хотла, коишто не само што немаат никаква допирна точка со македонската историја и македонската држава, туку се и спротивни на антифашистичкиот дух на борбата на македонскиот народ за слободна држава.

    Мотивот за поднесување на оваа иницијатива не од етнички карактер, напротив! Македонската историја изобилува со Албанци коишто биле дел од антифашистичката борба и се бореле рамо до рамо со македонскиот народ и другите народи за независна и слободна македонска држава. Такви личности се Ибе Паликуќа, Кемал Аголи, Том Ник Ѓелај, Нафи Сулејмани, Шахи Мехмети, Мурат Бафтијари, Шаин Садику и многу други.

    Левица како политичка партија која во своите редови има членови од сите етнички заедници, смета дека именувањето на улиците и другите објекти во Република Македонија, треба да биде по личности, коишто се дел од генезата на Република Македонија како слободна и независна држава и коишто се во духот на градење на соживот, базиран на заеднички антифашистички темели“ – се вели во соопштението на Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img