Левица обвинува дека ДУИ ја приватизира и Царина на РСМ

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Царинската управа има 15 нови огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“ за граѓани од албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа, обвини денеска Левица.

„Ја потсетуваме јавноста дека Левица се залага за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице согласно неговите квалификации туку по етнички клуч што воедно претставува и навреда за вработените кои се вработени на овој начин – не според заслугите туку според етничноста“, нагласуваат од Левица.

Оттаму велат дека огромиот број предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува.

„Криминогеното владејачко дуо на СДС-ДУИ ги партизира сите пори на државниот апарат преку вработувања на партиски послушници во институции од секаков тип: министерства, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено поправни домови, основни училишта, градинки за да пробаат да го ублажат поразот на следните избори. Се разбира согласно нелегалниот Рамковен договор овие вработувања не се водат по објективен мерит систем туку под етнички клуч, односно ДУИ како пар екселанс пример за картел партија ја користи позицијата на уценување за укотвување на своите партиски кадри, согласно тоа дури 40% огласи се за граѓани од албанска припадност“, се додава во реакцијата на Левица.

Share This Article