Левица бара да се испрати протестна нота за „Вапцаров“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград – „Никола Вапцаров”! Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин – исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид, порача секторот за медиуми и односи со јавност на Левица.

„Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид. Никакви комисии, ниту договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија“, се наведува во соопштението.

Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилник! За разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров, велат од партијата на Димитар Апасиев.

„Затоа не сме ниту сме биле исти – во македонскиот народ тлее искрата на антифашистичката борба, додека другата страна ги воскреснува најмрачните ликови на фашизмот“, истакнаа од Левица.

Share This Article