Годинава Летонија и подари на Украина повеќе од 270 возила одземени од возачи кои возеле под дејство на алкохол, пишува dpa.
Вкупната вредност на возилото е речиси еден милион евра, објави летонскиот информативен портал Делфи, а пренесува N1 Загреб.
Летонскиот парламент во февруари одлучи запленетите возила да и бидат предадени на Украина бесплатно.
Поради руските воздушни напади и борби, многу цивилни возила во Украина се оштетени или уништени.