Вселенскиот брод на НАСА кој 26 дена беше на мисија на месечината денес успешно се врати на Земјата, јавува Би-Би-Си. Капсулата Орион по повторното влегување во Земјината атмосфера се распрсна во Тихиот Океан, а паѓањето беше дополнително забавено со помош на падобрани.
Ова беше тест мисија и во вселенската капсула сега немаше луѓе, но планот на НАСА е следниот лет да биде со астронаути. Од НАСА информираат дека се планираат покомплексни мисии кои би требало да започнат кон крајот на 2024 година во обид да ги вратат луѓето повторно на месечината, прв пат по 50 години кога со мисијата Аполо 17 луѓето за прв пат стапнаа на површината од Месечината.
– Сега го правиме тоа повторно, но со различна цел, бидејќи овој пат одиме назад на месечината за да научиме да живееме, работиме и да креираме таму. Планот ни е да се подготвиме подоцна да одиме на Марс, а потоа и уште подалеку во универзумот – изјавил администраторот на НАСА, Бил Нелсон.