Лери Насар преживеа десет убоди во тепачка со друг затвореник

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лери Насар, поранешниот доктор на американскиот национален гиманстички тим, беше избоден неколку пати во затвор за време на тепачка со друг затвореник. Насар(59) отслужува 175 години затвор за малтретирање млади гимнастичарки, вкупно 330 од Програмата за гимнастика на САД и од Универзитетот во Мичиген, пренесува Би-Би-Си.

Насар е во болница во стабилна состојба по нападот во неделата во затворот во Флорида.

– Претрпе колабирање на белите дробови откако беше прободен двапати во вратот, двапати во грбот и шест пати во градите – изјави за Ен-Би-Си водач на синдикатот на затворот.

Насар призна дека сексуално напаѓал спортистки додека работел со Програмата за гимнастика на САД и Државниот универзитет во Мичиген, каде што држел клиника. Тој исто така се изјасни за виновен за поседување детска порнографија.

Истрага во 2021 година разоткри дека самото ФБИ, Федералното биро за истрага на САД лошо постапило со поплаките на олимските медалистки за злоставувањето од страна на Насар. Се дозна дека ФБИ ги одложило и прикрило предметите за што подоцна три олимпијки, Рајсман, Билс и Марони, го тужеа бирото за 1 милијарда долари.

Државната програма за гимнастика на САД се согласи да им плати вкупно 380 милиони долари на жртвите на Насар, додека државата Мичиген постигна спогодба од 500 милиони долари со преживеаните.

Share This Article