Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ уживаат на својата 6 милиони вредна јахта пловејќи по Јадранското Море.
Боба вчера го прослави 60-тиот роденден, а судејќи според фотографиите, тој и Брена уживале во интимна роденденска прослава.
Брена објави видео со чаши шампањско и притоа му го честиташе роденденот на својот сопруг.
„Среќен роденден“, објави на својот профил на Инстаграм, а покрај објавата стави и емотикон срце.
Подоцна, Брена објави уште една фотографија, покажувајќи ги своите нозе.
Семејството Живоиновиќ летниот одмор го поминува на својата луксузна јахта.
ФОТО: Инстаграм