More

    Леопардите се надградуваат со противвоздушен систем

    spot_img

    Германската фирма „Рајнметал“ ќе ги намонтира најсовремените пушки на тенкови од времето на Студената војна за да ѝ помогне на Украина да се справи со роеви беспилотни летала и руски ракети. Новиот тенк ќе се вика „Франкенштајн“, пишува ДејлиТелеграф.

    Се работи за противвоздушниот ситем Скајренџер кој ќе биде монтиран врз тенк Леопард 1. Скајренџер може да заврти цел круг од 360 степени.

    Системите за оружје кои се способни да се справат со закани од краток дострел, како што се роеви од беспилотни летала и артилериски оган, сè повеќе се сметаат за клучни на линијата на фронтот во Украина, во она што се нарекува војна во прв ред со беспилотни летала.

     

     

    – Има уште многу главни борбени тенкови Леопард 1 на чија шасија би можеле да ја монтираме куполата Скајренџер со автоматски топови со калибар 35 мм – изјави Бјорн Бернхард, шеф на копнените системи во Рајнметал, за весникот Билд.

    Украинската армија веќе доби близу сто тенкови Леопард 1. Тенковите беа конвенционално конфигурирани.

    „Рајнметал“ се надева дека ќе го забрза времето за поправка на своите тенкови.

    – Правиме планови на долг рок во Украина. Не снабдуваме опрема за потоа да се повлекуваме туку ние покажуваме дека ќе бидеме трајно таму и ќе ја поддржуваме Украина – вели Бернхард.

    Бизнисот на „Рајнметал“ цвета од почетокот на војната во Украина.

    Минатата недела компанијата објави дека вработува персонал од проблематичниот производител на автомобилски делови Континентал, кој намали 7.000 работни места ширум светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img