Додека чиа семето е нешто попопуларно и се користи во каши или дури и како пудинг, семките од лен се занемарена храна на која треба да почнете да обрнувате внимание. Особено кога ќе разберете на кои начини овие ситни семки можат да имаат значителни позитивни ефекти врз вашето тело.
Од подобрување на варењето до намалување на ризикот од болести, постојат многу начини на кои консумирањето ленено семе може позитивно да влијае на вашето долгорочно здравје.
Ленените семиња се полни со влакна
Доколку барате лесен начин да го зголемите внесот на влакна, воведувањето на ленено семе во вашата исхрана е одлично решение. Една кафена лажичка ленено семе има речиси три грама влакна, што е еднакво на 11 отсто од препорачаната дневна доза.
Според Американското здружение за срце, неопходно е да се внесуваат од 25 до 30 грама влакна дневно.
Диетата со малку влакна не само што има лош ефект врз вашето зголемување на телесната тежина, туку може да предизвика и дигестивни проблеми, па дури и да го зголеми ризикот од развој на хронични болести.
Додавањето ленено семе за појадок е одличен начин за почеток. Можете да измешате ленено семе во каша, јогурт или смути.
Тие се богат извор на омега-3 масни киселини
Лененото семе е богато со алфа-линоленска киселина (ALA), еден вид есенцијална масна киселина која телото не може да ја произведе. Единствениот начин на кој можете да ги добиете е преку храна, а семките од лен се полни со таа киселина.
Потрошувачката на омега-3 масни киселини е докажано дека го намалува воспалението во телото, што може да помогне да се спречи развојот на хронични болести. ALA е специфично поврзан со намален ризик од развој на срцеви заболувања како што е срцев удар, како и намалување на високиот крвен притисок.
Тие имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето
Како што споменавме порано, ALA може да помогне да се намали ризикот од развој на срцеви заболувања. Според студијата објавена во списанието Advances of Nutrition, постојат силни докази дека конзумирањето на ALA го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Ова се должи на фактот дека ALA е полинезаситена масна киселина која има антиинфламаторно дејство врз телото и докажано го намалува ризикот од срцеви заболувања.
Истражувањата исто така покажаа дека консумирањето ленено семе може да помогне во намалувањето на нивото на холестерол во крвта. Помагаат и за намалување на крвниот притисок, што е важно за спречување на срцев удар.
Лененото семе помага при варење
Семето од лен популарно се нарекуваат природни лаксативи, кои можат да помогнат во процесот на варење.
Студијата објавена во списанието Nutrition & Metabolism покажа дека ленените семиња (кога се додаваат во печива) ги намалуваат симптомите на запек, како и нивото на гликемијата и липидите кај оние со дијабетес тип 2.
Тие помагаат да се одржи тежината
Одржувањето на здрава тежина е важно за вашето тело да биде здраво на долг рок, така што воведувањето на ленено семе во вашата исхрана може да биде клучно за одржување на здрава тежина.
Исто така, влакната во семките од лен може да ви помогнат подолго да се чувствувате сити, пишува Eat This Not That, пренесува N1 Zagreb.