Лемпи и Влатко шират етно звуци на пазарите низ Источна Македонија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Звуците на македонската етно музика се шират низ пазарите во Источна Македонија. За тоа се заслужни Влатко Ристовски од Македонска Каменица и милозвучниот глас на Лемпи која доаѓа од Финска. Етно составот е формиран на иницијатива на Влатко, а во него одлично се вклопува младата девојка од Финска.

Имаат поддршка за нивниот музички проект од голем број граѓани не само од Македонска Каменица, туку и пошироко. Деновиве како што вели Влатко обезбедиле автомобил од жител на Македонска Каменица, Зоки Гинг кој живее и работи во САД, а наскоро ќе добијат и музички инструмент од Далибор Стаменковски кој исто така живее и работи во странство, пренесува порталот Делчево365.

Влатко и Лемпи свесни се за фактот дека со нивната уникатна интерпретација на македонската етно музика будат силен интерес кај публиката. Тие веќе планираат улични музички настапи во Скопје и посети на други градови во Македонија.

Во продолжение нивните последни изјави кои ее извадок од видеото во живо кое ги снимивме на 10 февруари 2024 година на Градскиот пазар во Делчево.
Share This Article