Полицијата во Нови Сад расветли 32 кривични дела, извршени на подрачјето на овој град, за кои се осомничени две момчиња на возраст од десет и дванаесет години.
Како што информираат од полициската управа во Нови Сад, постои сомнеж дека двајцата упаднале во угостителски и други деловни објекти за разни намени, продавници, месарници, цвеќарници и од нив украле пари и разни предмети.
Тие се товарат за седумнаесет тешки кражби, девет обиди за овие кривични дела, пет кражби и едно кривично дело разбојништво, стои во соопштението.
Се додава дека за се е известен Центарот за социјална работа, а против мајката на момчето е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.