More

    Лекарите предупредуваат: Доколку сакате да го намалите ризикот од срцеви заболувања, ограничете четири намирници

    spot_img

    Метаболичкиот синдром е група на состојби кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Овие состојби вклучуваат висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, вишок маснотии околу половината и абнормални нивоа на холестерол. Превенцијата на метаболички синдром вклучува избор на здрав начин на живот, па затоа избегнување на одредена храна.

    Затоа, гастроентерологот д-р Мадатупалајам Мадханкумар, диететичарот и нутриционист Јохана Ангман и лекарот д-р Кубанич Такирбашев открија кои намирници треба да ги избегнуваме ако сакаме да го намалиме ризикот од метаболички синдром.

    1. Црвено месо

    Црвеното месо може да предизвика воспаление во телото. Хроничното воспаление е поврзано со различни метаболички нарушувања, вклучително и метаболички синдром.

    „Црвеното месо е полно со нездрави масти кои би можеле да ги нарушат функциите на срцето. Редовното консумирање црвено месо има тенденција да го зголеми количеството на лошиот холестерол во телото, што пак придонесува за зголемување на телесната тежина и дебелина. Дебелината е критичен елемент во метаболичкиот синдром; сè што влијае на телесната тежина може директно да го влоши метаболичкиот синдром“, изјави д-р Маханкумар за SheFinds.

    2. Бел леб

    За разлика од лебот од цело зрно, белиот леб содржи малку влакна. Влакната помагаат да се регулира нивото на шеќер во крвта и да се чувствувате сити. Без доволно влакна, би можеле да се прејадеме и да се здебелиме, особено во пределот на стомакот, што го зголемува ризикот од метаболички синдром.

    „Храната направена од бело брашно, како белиот леб, брзо се разложува на шеќери во телото. Овој скок на нивото на шеќер и инсулин во крвта може да придонесе за зголемување на телесната тежина и отпорност на инсулин. Изборот на цели зрна, како што се киноа и кафеав ориз, може да го стабилизира нивото на шеќер во крвта и да го промовира целокупното здравје“, истакнува Ангман.

    3. Суво месо

    Преработеното месо, како што е сувото месо, често содржи високи нивоа на натриум, што може да доведе до покачен крвен притисок – клучна компонента на метаболичкиот синдром. Вишокот на натриум, исто така, промовира задржување на течности и придонесува за хипертензија.

    „Преработеното месо е богато со нездрави масти, натриум и конзерванси, кои можат да го подигнат крвниот притисок и да го зголемат ризикот од отпорност на инсулин. Тоа месо придонесува и за воспаление во организмот. Препорачувам да изберете посни протеини, како што се пилешко, риба, мешунки и алтернативи од растително потекло, за да се ублажат овие ризици“, забележува Ангман.

    4. Бел ориз

    За разлика од кафеавиот ориз, белиот ориз не содржи влакна, кои се важни за регулирање на шеќерот во крвта и одржување на ситост. Недостатокот на влакна може да доведе до прејадување и зголемување на телесната тежина, што може да предизвика метаболички синдром.

    „Предлагам да ја намалите потрошувачката на бел ориз на минимум. Овие производи се лишени од влакна и хранливи материи, што резултира со повисок гликемиски индекс, што значи нагло зголемување на шеќерот во крвта. Со текот на времето, тоа ќе придонесе за инсулинска резистенција и зголемено воспаление“, заклучува д-р Такирбашев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img