More

    Лекарите кои престојуваат во зградата на Специјалниот суд во Белград за време на распитот на момчето-убиец, интервенирале во судницата затоа што на сослушувањето на лицето на момчето наеднаш му се променила бојата

    spot_img

    Лекарите кои престојуваат во зградата на Специјалниот суд во Белград за време на распитот на момчето-убиец, интервенирале во судницата затоа што на сослушувањето на лицето на момчето наеднаш му се променила бојата.

    Лекарите го прегледале, му го измериле притисокот, па сослушувањето на тинејџерот продолжило.

    „Судијата го праша сведокот како се чувствува и дали може да продолжи да одговара на прашања, на што тој одговори потврдно. Бидејќи и лекарите констатираа дека неговата здравствена состојба не е нарушена, распитот продолжи“, откри изворот на Курир.

    Сведочењето на малолетниот убиец за злосторството почна нешто по 10 часот. Со две кратки паузи тој одговара на прашања речиси три часа. Тој сведочи под затемнето непробојно стакло во самата судница. Родителите на жртвите подготвиле повеќе од 250 прашања за него.

    На прашањето зошто го извршил масакрот тој рече дека се чувствувал отфрлен на училиште.

    Коста Кецмановиќ е заштитен сведок во случајот против неговите родители.

    Момчето на 3 мај минатата година уби девет врсници и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград.

    Како што неофицијално дознава Курир, до сега момчето убиец било испрашувано од адвокати, од судскиот совет и од обвинител, а моментално се очекува да почнат испрашувањата од родителите на жртвите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img