Лекарите апелираат колку се сериозни последиците од користењето на петарди за време на новогодишните прослави и ги повикуваат младите, но и повозрасните, да не ги употребуваат.
Малолетници завршуваат на пластична хирургија со изгубени прсти, око, и други тешки повреди од користење пиротехнички средства.
– Една секунда експлозија – цел живот хендикеп. Затоа посакајте си среќна Нова година со убава желба и мисла, а не со користење петарди – изјави за Сител д-р Софија Пејкова директор на Клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
Тимови од пластична хирургија и студенти по медицина имаа едукативни кампањи за средношколците од прва година во 28 градови низ земјава, на кои учеа за опасностите од петардите и другите пиротехнички средства.
Освен за луѓето, петардите се опасни и за домашните миленичиња, зашто им предизвикуваат стрес, па дури и инфаркт.