Лекар заминувал во пензија, па дел од неговите колеги го прославиле сето ова со песна и гласна музика во Поликлиниката во Драчево

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лекар заминувал во пензија, па дел од неговите колеги го прославиле сето ова со песна и гласна музика во Поликлиниката во Драчево. Ова несоодветно однесување на лекарите, кое било објавено на официјалниот фејсбук-профил на Поликлиниката, ќе биде санкционирано од директорот на Здравствен дом Скопје Вулнет Селими. Тој најави дисциплински мерки против одговорните кои биле на смена минатата недела кога се случил настанот.

По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното.

За овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случила оваа сцена. Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош“ – напиша Селими на Фејсбук.

Share This Article