Лекар предупредува дека милиони јадат храна која предизвикува повеќе смртни случаи отколку тутунот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Без разлика дали се работи за чоколадо или солени чипсови, секој понекогаш копнее за нездрав оброк. Сепак, ултра-обработената храна не е ограничена само на работите што ги јадеме повремено. Вклучува и виршли, леб, јогурти со вкус на овошје, дури и супи од кесичка.

„Таа храна е поврзана со повеќе смртни случаи во светот отколку со тутунот“, предупреди др. Крис Ван Тулекен на подкастот на Дневникот на извршен директор.

„Јадев типична западна храна и се здебелив многу. Западнав во маѓепсан круг на прејадување, анксиозност и несоница. Да продолжев така една година, ќе ја удвоев телесната тежина“, додаде тој.

Докторот истакнува дека ултра преработената храна е нездрава, но и создава зависност, исто како и пушењето.

„Зголемената потрошувачка на ултра-обработена храна е поврзана со кардиоваскуларни болести, рак, висок крвен притисок, заболување на замастен црн дроб, воспалителна болест на цревата, депресија, покачени масти во крвта, синдром на нервозно дебело црево и деменција“, предупреди тој.

Најлошо од сè е што луѓето со ниски приходи се принудени да јадат ултра-обработена храна бидејќи е евтина.

„Доколку се ослободивме од сиромаштијата, би се ослободиле од околу 60 проценти од проблемите на болестите поврзани со исхраната“, вели др. Ван Тулекен.

Share This Article