Оригиналниот гитарист на групата „Дјуран Дјуран“, Енди Тејлор, изјави дека иновативниот лек за лекување на напреднат рак на простата му го продолжил животот за пет години.
Пред осум години на Тејлор му беше дијагностициран рак на простата во четвртиот стадиум, но својата состојба ја откри дури во 2022 година. Откако излезе во јавноста, му се јавил еден научник за да му понуди „нуклеарен лек, лутециум-177, кој е насочен така што ги гледа само клетките на ракот“, откри музичарот за Би-би-си, додавајќи дека ја земал својата прва доза од лекот пред шест недели.
„Не може да ги види здравите клетки. Го убива ракот во четвртата фаза во вашите коски. А она што ефикасно го прави е продолжување на мојот живот за пет години“, рече 62-годишниот, додавајќи дека неговото здравје пред тоа се влошувало и дека бил на „црната листа“.
Тејлор ја откри дијагнозата минатиот ноември во писмото што го прочитаа неговите поранешни колеги од бендот за време на неговото примање во Куќата на славните на рокенролот во Лос Анџелес. Настанот во Л.А. требаше да биде повторно обединување на бендот, чија класична постава не свирела заедно од 2006 година.
Тејлор тогаш изјави дека е „многу разочаран“ што го пропуштил настапот бидејќи бил премногу болен.
– Пред неколку дена не можев да станам и да свирам. Ја пропуштив најголемата ноќ во мојот живот – изјави тој за Би-би-си, додавајќи дека до тој момент никој всушност не знаел за неговата дијагноза освен неговото семејство и неколку пријатели.
Дури ниту на членовите на бендот не им рекол се до церемонијата во Куќата на славните. Тој им испратил писмо коешто пејачот Сајмон Ле Бон предложи да го прочитаат на сцената.
– Тој го направи тоа со вистинско достоинство. Тој е многу отмен човек, многу го сакам – рекол Тејлор, кому новиот третман му го предложил професорот Крис Еванс, основач на The Cancer Awareness Trust (CAT).