Во дербито на 26. коло на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед доживеа огромно понижување со поразот (7:0) од најголемиот ривал Ливерпул, што предизвика гнев и кај навивачите и кај легендите на клубот.
Еден од играчите кои беа нападнати е капитенот на тимот Бруно Фернандеш.
„Второто полувреме беше срамно. Беше целосен хаос, што беше особено видливо во однесувањето на капетанот Бруно. Во одредени моменти неговото однесување беше неприфатливо“, изјави Гери Невил, легендарниот играч на Јунајтед и додаде:
„Тој ги држи рацете горе и го прашува тренерот зошто не излегува? Тоа не е игра достојна за капитен. Доста ми е од него. Него, неговото однесување и симулирање. Менаџерот мора да реагира и да се грижи за него“.
Ништо помалку груб кон португалскиот фудбалер беше и легендарниот Рој Кин.
„Неговиот говор на телото е засрамувачки. Тој е талентиран, капитен на Јунајтед…но тоа што го покажа…говорот на телото, мавтањето, тоталниот недостаток на борба…Ниту една соблекувална нема да биде среќна со него“, рече Кин.