Познатиот фудбалски тренер Љупко Петровиќ (76) се движел по левата сообраќајна лента во спротивна насока и удрил во страната на автомобилот „шевролет авео“, управуван од возачот Жељко Ковачевиќ (63). Иако немал алкохол во крвта, поради полесни повреди бил пренесен во белградска клиника.
Љупко Петровиќ, легендарниот тренер на Звезда, поради полесни повреди е пренесен во ВМА. Познатиот стручњак кој со „црвено-белите“ во 1991 година ја освои Лигата на шампионите направи хаос на автопатот Е-75, на обиколницата околу Белград, во областа на тунелот Бели Поток, во правец на Орловача и сообраќајот е нормализиран по сообраќајната незгода.
Што се случило?
Познатиот фудбалски тренер Љупко Петровиќ (76) се движел по левата сообраќајна лента во спротивна насока и удрил во страната на автомобилот „шевролет авео“. Но, дури и кога видел дека не е во вистинската насока, возачот, идентификуван како Љупко Петровиќ, продолжил да вози. Автомобили и камиони се обиделе да го избегнат, но на крајот дошло до несреќа.
Како што може да се види на видеото објавено на страницата на Инстаграм – „192_rs“, возачот на „мерцедесот“ речиси директно се судрил со автомобилот што доаѓал од спротивен правец. На новата обиколница околу Белград, од Стражевица до Бубањ Поток, во петокот вечерта околу 20 часот и 54 минути се случила сообраќајна несреќа, а на терен биле испратени медицински екипи, соопштија за Танјуг од Итната помош. Корисниците во коментарите беа згрозени од ова видео.
– Што е со луѓето? – пишува во еден коментар.
Друг корисник се запраша „кој му дал возачка дозвола, веднаш да му ја одземат“.
Полицијата се обидела да запре маж кој возел во спротивна насока по новата обиколница и предизвикал судир, но мажот наводно не застанал и забрзал.