Регионалната ѕвезда Здравко Чолиќ вчера, на 30 мај, го прослави својот 73 роденден, а по тој повод приреди интимна прослава во својот дом опкружен со најблиските.
Легендарниот пејач добиваше честитки во текот на целиот ден, а меѓу многуте беше и најважната, од неговата ќерка.
Иако Здравко не сака јавно да го експонира приватниот живот, неговата ќерка Уна е многу активна на социјалните мрежи, а на својот инстаграм-профил објави фотографија од прославата.
Покрај роденденската торта, може да се видат цреши, чаши за вино, како и сервирано шумско овошје. Во описот на фотографијата, Уна кратко напишала:
Да потсетиме, Здравко Чолиќ покрај својата кариера на која е исклучително горд и која ја градеше без никакви скандали, се гордее и со она што му е најважно, а тоа е неговото семејство.
Чолиќ во подоцнежниот живот стана татко, а во една прилика изјави дека тоа е најубавото нешто што можело да му се случи.
– Убаво е човек да добие деца во подоцнежна возраст. Тоа сега е Божја работа. Горд сум на моето мало семејство, на двете мали девојчиња, сега девојки. Жената се грижи повеќе. Да беше до мене, сè ќе дозволев. Таа мене ме критикува, но така е. Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, тоа некако ми е тешко, на моменти можам да станам малку сериозен. Претежно сум попустлив – рекол пејачот и додал дека секогаш мора да постои ограничување.