More

    Легендарниот музичар Елтон Џон откри дека го изгубил видот откако се борел со тешка инфекција

    spot_img

    Легендарниот музичар Елтон Џон (77) откри дека го изгубил видот откако се борел со тешка инфекција. Во неделата присуствуваше на изведбата на мјузиклот „Ѓаволот носи Прада: Мјузикл“ и ја шокираше публиката со својата изјава.

    – Како што некои од вас знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не можев да го гледам настапот, но уживав додека го слушав – им рекол Џон на насобраните, објави „Пејџ сикс“.

    Тој му се заблагодарил на својот сопруг за поддршката.

    – Мојот сопруг беше мојата карпа на поддршка, затоа што не успеав да дојдам на многу проби бидејќи, како што знаете, го изгубив видот. Да, тешко ми е да ги гледам, но ги сакам. И вечерва звучевме одлично. Ви благодариме што дојдовте! – објави поп-музичарот на својот профил на Тикток.

    Пејачот претходно откри на почетокот на септември дека имал „ограничен вид само на едното око“ откако добил „тешка инфекција на очите“ во текот на летото.

    – Се лекувам, но тоа е исклучително бавен процес и ќе помине извесно време пред да се врати видот на оштетеното око – напиша тогаш Џон во изјавата.

    Тој се осврна на својата состојба во интервјуто со Робин Робертс на „Добро утро Америка“ минатата недела.

    – За жал, во јули го изгубив видот на десното око бидејќи имав инфекција на југот на Франција и не гледам четири месеци. Ниту моето лево око не е најдобро, има надеж и охрабрување дека сѐ ќе биде во ред, но некако сум заглавен во моментов… – признал тогаш Елтон Џон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img