More

    Легендарниот кошаркар објави дека става крај на кариерата

    spot_img

    Американскиот кошаркар Блејк Грифин, кој од минатата сезона нема играно во НБА, денеска објави дека на 36-годишна возраст ја завршува кариерата.

    Кошарката ми даде толку многу што не се каам“, напиша Блејк на социјалните мрежи.

    Шесткратниот Ол-стар беше избран од Лос Анџелес Клиперс како прв пик на драфтот во 2009 година, но ја пропушти првата сезона поради повреда.

    Дресот на Клиперс го носеше до 2018 година кога се пресели во Детроит. После тоа играше за Бруклин, за да ја помине последната сезона во Бостон.

    И покрај подемите и падовите во текот на кариерата, Грифин постојано пишуваше на социјалните мрежи дека е благодарен за кариерата во НБА.

    Сите овие искуства ги направија моите 14 години во лигата навистина незаборавни и не можам а да не се чувствувам благодарен“, изјави Американецот.

    Во текот на својата НБА кариера, Грифин имаше просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции. Неговата најдобра сезона беше 2013/14. кога имаше просек од 24,1 поен, со 9,5 скока и 3,9 асистенции, а го заврши на третото место во борбата за МВП наградата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img