Легендарниот холивудски актер Том Круз (61) има нова девојка и сите светски медиуми наголемо пишуваат детали за новата бомбастична врска.
Круз со години не се појавува во јавност со емотивна партнерка, а сега, како што се наведува, е во љубов со богатата Русинка, Елсина Кајрова (36), ќерка на истакнат пратеник во Русија.
Убавата Елсина е 25 години помлада од Том Круз, но, како што велат, годините не се бројат за вистинска љубов.
Освен по својот татко, кој е член на Владата, Каирова во Русија е позната и по бракот со богатиот Русин Дмири Четков кој се занимавал со трговија со дијаманти.
Инаку, Том и Елсина биле фотографирани на забава во елитен ресторан во Лондон, по што почнаа гласини дека се во врска.
– Беа неразделни, очигледно пар. Изгледаше како да е опседнат со неа – изјавил неименуван извор кој бил на забавата, за „Дејли мејл“.
Убавата Русинка, британска државјанка, претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитри Четков, со кого живеела раскошно. Нивното богатство се состоело, меѓу другото, од вила вредна дури 22 милиони фунти во Сари, како и куќа во Лондон од 18 милиони фунти. Имале и имот во Дубаи и Кипар, како и скапи автомобили, накит и колекција на прескапи уметнички дела…
Инаку, руските таблоиди за време на разводот меѓу Елса и Дмитриј пишуваа дека руската убавица е обвинета дека криела значителен имот од својот поранешен сопруг, вклучувајќи ја и нејзината колекција дизајнерски чанти вредни милиони евра.
Ниту Том Круз ниту Елсина Кајрова сè уште не се изјасниле во оваа прилика.
За потсетување, познатиот актер не е јавно романтично поврзан со никого веќе 15 години, односно од разводот од својата трета сопруга Кејти Холмс. Имаше шпекулации дека се забавува со Шакира и неговата колешка од „Невозможна мисија“, Хејли Атвел, но тоа остана само на ниво на гласини.
ФОТО: Инстагрм