Легендарниот фудбалски селектор Жозе Мурињо направи интересна опсервација пред баражот натпревари за пласман на Светското првенство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарниот фудбалски селектор Жозе Мурињо направи интересна опсервација пред баражот натпревари за пласман на Светското првенство, а во неговата анализа се најде и македонската репрезентација која в четврток ќе се соочи со селекцијата на Италија на гостински терен.
– Сите со нетрпение го очекуваат евентуалниот финален натпревар помеѓу Италија и Португалија, но за да се случи таква пресметка, најпрво двете репрезентации ќе треба да одиграат квалитетно во полуфиналните средби. Гледам дека сите веќе ја отпишаа Турција против Португалија и ја отпишаа Македонија против Италија. Но, јас би се замислил. Тоа се две сериозни селекции и никогаш не би ги отпишал – изјави Мурињо.

Дуелот меѓу Македонија и Италија се игра в четврток во Палермо, со почеток од 20:45 часот.

Share This Article